Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Де Сидрак: Македонија ја има континуираната поддршка од Франција на својот пат кон Европската Унија

Националниот совет за евроинтеграции денеска во Собранието oствари средба со делегација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот совет за евроинтеграции денеска во Собранието oствари средба со делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од Марта де Сидрак, сенаторка и претседателка на групата за пријателство Франција – Балкан, која е во официјална дводневна посета на земјата.

На средбата, како што информираат од Собранието, присуствувале претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, пратениците Никола Мицевски, Весна Бендевска, Антонијо Милошевски, како и Александар Спасеновски, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата.

Сенаторката Марта де Сидрак се заблагодарила за срдечното гостопримство истакнувајќи дека за време на посетата оствариле низа интензивни и конструктивни средби. Таа ги потврдила пријателските односи меѓу двете земји и нагласила дека Северна Македонија ја има континуираната поддршка од Франција на својот пат кон Европската Унија. Воедно, ја истакнала и заложбата за поголема промоција на франкофонијата и зајакнување на соработката во областа на францускиот јазик и култура.

Реклама

Филипче изразил огромно задоволство од посетата на француската делегација истакнувајќи ги традиционално пријателските односи меѓу двете земји и значењето на нивното натамошно унапредување. Во своето обраќање тој ја нагласи и долгогодишната успешна соработка со францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер како значаен придонес кон зајакнувањето на билатералните односи и продлабочувањето на меѓусебната доверба.

Пратеникот Милошоски ја истакнал потребата од интензивирање на економската соработка меѓу двете земји нагласувајќи го потенцијалот за нови инвестиции и продлабочување на трговските односи.

Пратеничката Бендевска дала поддршка за нашата европската интеграција, но нагласила дека процесот на пристапување кон Унијата треба да се темели на исполнување на Копенхашките критериуми под еднакви услови и според истите принципи што важат за сите земји кандидатки.

Пратеникот Мицевски изјавил дека нема друг пат, освен европскиот, и треба да се изнајде заедничко решение за што побрзо продолжување на патот на земјава кон членство на ЕУ.

На крајот од средбата, двете страни, се вели во соопштението, изразиле задоволство од интензивните и продуктивни дискусии нагласувајќи ја важноста од продолжување на меѓусебниот дијалог и соработка. Воедно, била изразена подготвеност за повторна средба и натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји.