Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Центрите за социјална работа добиваат физичко обезбедување

Триесет и седумтте Центри за социјална работа во државава, најдоцна за еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет и седумтте Центри за социјална работа во државава, најдоцна за еден месец ќе добијат физичко обезбедување од лиценирана компанија за таа дејност. Постапката за Јавна набавка, која неодамна ја објави ресорното Министерство, истекува неделава и со неа се бараат вкупно 60 обезбедувачи, најави заменик- министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

 „Се бараат 60 лиценци, 60 лица да бидат ангажирани постојано од страна на компанијата која што ќе ги обезбедува токму нашите објекти…За пет дена ќе ја имаме компанијата, нели во евалуација, а потоа го очекуваме и договорот, така што за месец дена од денеска, би имале финален договор самата компанија која што ќе биде избрана“, – изјави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Ваквиот забрзан след на одлуките на Министерството, доаѓа откако пред месец и половина во прилепскиот Центар за социјална работа, службеничка беше застрелана со пиштол од страна на извесен корисник од кого и претходно добивала закани. Според директорот на Центарот, кој и самиот беше мета на напаѓачот во немилиот настан, а кој за среќа заврши без жртви, последиците кај сите вработени се’ уште силно се чувстуваат, па физичкото обезбедување на овие установи, за жал, се наметнува како нужност, вели тој.

Реклама

 „Јас сум убеден дека колку-толку ќе се чувствуваме побезбедно кога ќе знаеме дека на Приемно ќе имаме некој кој што ќе може да врши селекција на странките и ќе има овластувања кои што ние во моментов ги немаме, по однос на тоа да се види кој што носи, како носи. И претпоставувам дека ќе се допушта качување по канцеларии исклучиво со покани…Дел од колегите користеа и подлоготрајни боледувања, по препорака на психијатар, психолог или матичен лекар. Полека, полека се консолидираме, веќе сме заедно“, – рече Зоран Малковски, директор на МЦСР – Прилеп.

 Инаку, вооружениот напад во прилепскиот Центар се случи на 23 март, пред крајот на работното време, кога во канцеларијата од директорот се одвивала вистинска заложничка драма. Во инцидентот полесно беше повредена 36-годишната социјална работничка М.Ѓ., која со пиштол ја застрела 50-годишниот А.Ј, најверојатно незадоволен од претходно изречените мерки на Центарот при неговата бракоразводна парница, Притоа, тој испукал дури пет куршуми од оружјето за кое немал дозвола, а кај себе имал и нож. На 20-ти март, тој избегал од Психијатриската болница во Демир Хисар, за што Центарот пак, воопшто не бил информиран. Напаѓачот веднаш е лишен од слобода и против него покрената е соодветна Кривична пријава.