Додека конфликтот на Блискиот Исток се продлабочува, глобалната економија се соочува со стар, но добро познат непријател – неизвесноста околу цените на нафтата.
Таа вртоглаво расте.
Цената на суровата нафта барел денес надмина 115 долари за барел, а ова преставува и најголем скок од 1990 година до денес.

Овој скок доаѓа по изјавата на Доналд Трамп дека сака да ја земе нафтата од Иран.
Според Трамп, индиректните преговори меѓу САД и Иран преку пакистански посредници напредуваат добро.
Договор за прекин на огнот би можел да се постигне прилично брзо.
Рокот за постигнување на можен договор истекува на 7 април, но Трамп веќе го одложи неколку пати
Потоа тој на социјалната мрежа truth social објави дека американските сили извршиле успешни напади врз повеќе цели во Иран.
„Голем ден во Иран. Многу долго барани цели беа елиминирани и уништени од нашата голема војска, најдобрата и најсмртоносната во светот. Бог да ве благослови сите!“, напиша Трамп.
Аналитичарите предупредуваат дека цената на нафтата може дополнително да порасне, дури и до 130 долари за барел, што би можело да предизвика забавување на глобалната економија поради зголемените трошоци за енергија и транспорт.
Во меѓувреме Иран ја засили одбраната околу островот Харг.
– Единствениот јазик што го разбира американскиот претседател е јазикот на силата. Како одговор на неодамнешните закани на Трамп за копнена операција или окупација на кој било дел од иранската територија, што е само желба, објавуваме: борците на исламот долго време чекаа вакви акции за да покажат дека агресијата и окупацијата нема да резултираат со ништо друго освен понижувачко заробување, распарчување и исчезнување на агресорот, и дека американските команданти и војници ќе станат добар плен за ајкулите од Персискиот Залив изјави Ебрахим Золгофари портапрол на Исламска гарда
Проблемот не е само во тоа колку чини нафтата, туку и во тоа што никој не знае каде ќе се движат цените понатаму.
Токму таа неизвесност создава дополнителен притисок врз економијата, бидејќи ги тера и компаниите и домаќинствата да бидат повнимателни и порезервирани.
Мартин Трајчевски
