По вчерашното нагло зголемување на цената на нафтата, денес таа забележа значителен пад. До 90 долари за барел е денешната цена, 30 долари помалку од вчера. Ова намалување доаѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната со Иран ќе заврши многу брзо.
„Наскоро. многу наскоро. војната ќе заврши Нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и да се обиде да ги прекине глобалните испораки на нафта изјави Трамп.
Иранската револуционерна гарда пак денеска изјави дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од Блискиот Исток доколку САД и Израел продолжат да напаѓаат. Дополнителен притисок врз цената на нафтата создава последниот потег на клучните производители во регионот , Саудиска Арабија, ОАЕ, Кувајт и Ирак кои почнаа значително да го намалуваат производството како последица на блокадата на Ормускиот теснец..

Според економскиот аналитичар Алберто Белорин цените на нафтата ќе варираат во зависност од случувањата на Блискиот Исток.
„Цените веројатно ќе реагираат на секоја ескалација или намалување на конфликтот“ – изјави Белорин.
Според економксиот аналитичар Сурво Сакрар изјавата на Трамп дава сигурност поради што се смируваат пазарите.
„Јасно е дека коментарите на Трамп за крај на војна ги смирија пазарите. Иако вчера имаше претерана реакција на растот, сметаме дека денес има претерана реакција на падот“, рече Сувро Саркар, раководител на тимот за енергетскиот сектор во DBS Bank.
Од почетокот на нападот на САД и Иран врз Иран, цените на нафтата на светските пазари значително се зголемија, но по назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер, тие имаа дополнителен скок.
Цената на суровата нафта од типот Брент скокна на речиси 120 долари за барел вчера, што е нејзин најголем еднодневен раст, пред да падне под 99 долари -за барел, колку што изнесуваше ценатата кога започна руската инвазија на Украина.
Мартин Трајчевски
