Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци-Дељадровци

Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност, информираат од локалната самоуправа. Проектот, како што велат, претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност, информираат од локалната самоуправа.

Проектот, како што велат, претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, поквалитетна и побезбедна сообраќајна поврзаност меѓу двете населени места. Со реализацијата на овој проект се подобрува секојдневната мобилност на жителите, како и пристапноста за сите корисници на овој патен правец.

Во рамки на проектот извршена е целосна реконструкција и асфалтирање на патот во должина од околу 1.900 метри, извршено е проширување на коловозот, а низ населените делови долж кои поминува делницата, изграден е нов тротоар со ширина од 1,5 метри, со што дополнително се зголемува безбедноста на пешаците.

Реклама

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека инвестициите во модернизација и развој на патната инфраструктура остануваат стратешки приоритет на локалната самоуправа, со цел обезбедување подобра поврзаност помеѓу населените места, зголемена безбедност во сообраќајот и повисок квалитет на живот за граѓаните.

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на капитални инфраструктурни проекти кои придонесуваат за рамномерен развој на сите населени места, модернизација на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за живот за сите граѓани.