Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Царинската управа е високо посветена на забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ -преземените чекори препознаени од Европската Комисија

Царинската управа е високо посветена на спроведување на клучните реформи коишто ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа е високо посветена на спроведување на клучните реформи коишто ќе овозможат забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Европската комисија честита за успешната имплементација на новиот транзитен систем НКТС фаза 5, како и на ратификувањето на Протоколот за елиминирање на илегалната трговија со тутунски производи.

Воедно Европската комисија честиташе за резултатите во делот на спречување измами, каде Царината во последните месеци покажа извонредни резултати, со поднесени 102 кривични пријави само во периодот од ноември до почетокот на април, што е повеќе од нивото на цел тригодишен период од 2020 до 2023 година кога беа евидентирани 85 кривични пријави.

Ова беа клучните поенти од денешниот 21ви состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување  во рамки на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и РС Македонија.

Реклама

„Го трасираме патот напред преку зајакнато законодавство усогласено со ЕУ регулативите,  зајакната борба против корупција со спроведени 119 внатрешни истраги само во 2024, зајакната борба со царински измами, при што во 2024 година се евидентирани 410 случаи на заплени, што претставува раст од 63 проценти во однос на 2023 година, како и зајакнување на нашите национални царински ИТ системи, усогласени со Царинскиот кодекс на Унијата“, истакна директорот Бобан Николовски.

Ставена е во функција и новата верзија на системот за обработка на транзитни декларации – НКТС фаза 5, а веќе работиме и на фаза 6 во чекор со ЕУ, интензивно работиме на имплементација на националниот едношалтерски систем, а со силна поддршка на ЕУ работиме и на имплементација на системи со цел унапредување на царинските постапки – Систем за регистрација на економските оператори и идентификација на корисници, како и на развој на систем за контрола и истраги кој ќе биде целосно компатибилен со системот за унапредување на анализа ризик и податочен склад што се имплементира со грант од Република Кореја.

Директорот воедно информира дека во завршна фаза е и нацрт-верзијата на новиот Царински закон, усогласен со Царинскиот кодекс на Унијата, што се очекува да биде усвоен до крајот на 2025 година.