Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“ 

Царински службеници на Граничниот премин „Блаце“, на влез во државата, спречиле обид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царински службеници на Граничниот премин „Блаце“, на влез во државата, спречиле обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар.

Против сторителот, како што информираат од Царинската управа, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза.

-Сторителот Ф.Б. државјанин на Македонија набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка. При влез во државата, на прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување, лицето изјавило дека нема ништо. Поради сомневање во дадената изјава, службениците извршиле детална контрола, при што биле пронајдени непријавените тутунски производи – информираат од Царинската управа.

Реклама

Од почетокот на годината, Царинската управа потсетува дека се откриени четири случаи на кривични дела поврзани со криумчарење и нелегална трговија со тутунски производи, за кои се поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.