Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Патот за влез во европското семејство треба да биде предвидлив процес без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патот за влез во европското семејство треба да биде предвидлив процес без услови и изненадувања. Правилата да важат за сите без разлика дали нациите се мали или големи. Како што Европската унија очекува малите држави кандидатки за членство да ги исполнуваат правилата, така и таа самата треба да ги почитува. Христијан Мицкоски со директни и силни пораки уште еднаш ја подвлече црвената линија за позицијата на македонската влада во однос на условениот евртоинтегративен пат на државата. Дел од експертската јавност и академска фела смета дека тој упати децидна и силна порака до ЕУ нагласувајќи дека Македонија не бара привилегии и полесни критериуми, туку предвидлив процес на зачленување во кој исполнувањето на правилата треба да носат позитивни резултати.

„Инстистирање на стратешка јавност, членството во НАТО и партнерството со САД и членството во ЕУ останува геополитичка цел на земјата. Упати порака за стратешката јасност, и кажа дека сојузништвото не треба да збнаи полититичка, пасивност, мора да бидеме проактивни. Упати децидна порака и до ЕУ. Македонија не бара привилегии и полесни критериуми, туку бара еден предвидлив европски процес на зачленување во кои исполнувањето на правилата треба да донесат позитивни резултати. Јасно кажа дека Македонија иако е мала држаава, не треба да настапува со комплекс на мала држава,.големината на територијата на една држава не смее да го дикрира развојот на политичките амбицции. Македонија со јасно артикулирнаи интереси, тоа го направи,  тие интереси да станат долговорчна политика а не само меѓунардона реторика“, вели Јове Кекеновски, универзитетски професор.

Ние сме мала земја, но одбиваме големината на нашата територија да го одредува размерот на нашата амбиција, рече Мицкоски Во Њујорк. Тој потенцираше дека Македонија не се откажува од европскиот пат, а Европската Унија останува природен политички, економски и институционален дом на државава.

Реклама

Тој потсети дека за евроинтеграциите сме донеле навистина тешки одлуки, но сме продолжиле напред. Токму поради тоа, порача дека почитувањата и исполнувањата на правилата мора да обезбедат предвидливост.

„И без намера да звучам поучувачки, ако некој сака да види пример за земја што повеќепати се откажувала од нешто што природно ѝ припаѓа како основно право, нешто што многумина го земаат здраво за готово, доволно е да погледне во поновата историја на мојата земја. Историја обележана со предизвици, со безбедносни ризици од регионални размери, со постојани компромиси и отстапки направени во име на мирот, соработката и повисоките цели на интеграцијата, често по цена на нашето најосновно чувство за достоинство и правда“, порача Мицкоски.

Покрај компромисите, идентитетот, европскиот пат како и геополитичката ориентација на Македонија, Мицкоски отвори и неколку светски теми. Тој порача дека за мирот во светот веќе не се пресудни само армиите, туку дипломатијата и повлијателни Обединети Нации. Се осврна и на климатските промени коишто им ја кројат иднината на младите, но и на вештачката интелигенција и промените што ги носи технологијата.