Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30 часот имало вкупно 46 пожари на отворен простор од кои седум се активни, а еден е под контрола.
Активни се пожарите кај месноста „Над Боровите“ – крак кон с. Татар Елевци и Кораб и крак кон с. Бањиште во општина Дебар, кај селото Јаболчиште во општина Чашка, кај селото Стрима во општина Липково, над Боговинско Езеро на Шар Планина, на депонијата Краста во Куманово, кај селото Добровени во општина Новаци и меѓу селата Белчишта и Лешани во општина Дебарца.

