Општина Конче продолжува да работи и да реализира проекти во повеќе области. Општината реализираше бројни проекти во инфраструктурата, водоснабдувањето, патната мрежа, социјалната заштита, образованието, спортот и културата, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Подобрено е водоснабдувањето и канализацијата, изградени и уредени се патишта и јавни површини, а општината доби нова механизација и противпожарна опрема.
Со уредуваат јавните површини каде се уредени околу 2500 квадратни метри јавни површини со што заокружуваме 15 000 квадратни метри уредени јавни површини на територијата на општина Конче.
Продолжуваат мерките за поддршка на семејствата, новороденчињата, младите и старите лица, а воведена е и бесплатна градинка за сите деца.
Преку ,,Форум на заедницата” се реализира набавката на камион кипер со дополнителна опрема за чистење снег, со што се овозможува подобра опременост на ЈПКД ,,Лакавица” со подобрување на услугите кон граѓаните, ТМВ ќе биде употребено за одржување на полски патишта, расчистување на речни корита, зимско одржување на локалните патишта, расчистување на диви депонии и други потреби.
Конче бележи активен спортски и културен живот, како и нови партнерства со општини од Хрватска, Италија и од Турција.
Општина Конче продолжува со реализација на нови проекти и создавање подобри услови за живот на сите граѓани.

