Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Четириест и едно семејство се вселуваат во типските куќи во штипската населба Мирјанина црква

Почна доделувањето на клучевите од типските куќи во коишто треба да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна доделувањето на клучевите од типските куќи во коишто треба да се вселат 41 семејства кои се од социјален ризик и коишто неколку години живееја во рунираните објекти на старото Нервно одделение и во објектот кај хотелот Гарни во центарот на Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека вселувањето на семејствата почнува денеска, откако им се дадени клучевите од новите домови во населбата Мирјанина црква.

Тој истакна дека со ова решава деценискиот проблем на семејствата кои беа во рунирани објект и без основни услови за живот. Средствата за реализацијата на проектот се обезбедени преку фондовите на ЕУ и со кофинансирање на Општина Штип.

-Проектот е во вредност од околу 650.000 евра, од кои 440.000 се од фондовите на ЕУ, а останите средства се обезбедени од буџетот на  Општина Штип, вели Јорданов.

Реклама

Тој додава дека деновиве ќе почне уривањето на објектот кај хотелот Гарни, по што ќе следи и расчистување кај старото Нервно одделение, каде што треба да биде зона за домување, односно според Деталниот урбанистички план на оваа локација ќе се продаваат градежни парцели за изградба на станбени згради. Локацијата е атрактивна и се наоѓа долж булеварот Партизанска и спротив новиот објект на супермаркетот „Лидл“, којшто треба да се отвори наскоро.