Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор.

Како што информира Министерството за внатрешни работи,  изутрина во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради сомнение дека извршил семејно насилство врз неговата 44-годишна сопруга. Претпладне во 10:20 часот во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со С.Ј. (63) од Скопје, по пријава дека физички ја нападнал својата 64-годишна сопруга.

На подрачјето на Гази Баба во Скопје, пак, синоќа во 23:15, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т. (46) од Скопје, по пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и упатувал закани кон членовите на семејството. Истиот ден во 22:45 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, бил лишен од слобода М.Б. (40) од Скопје, по пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон својата 41-годишна вонбрачна партнерка, а потоа и кон нивната ќерка, при што оштетил и дел од покуќнината.

Реклама

МВР информира и дека денеска во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило со својот вонбрачен партнер А.Н., тој ѝ истурил хемиско средство во пределот на лицето и очите. На оштетената и била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Истиот ден, 33-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг И.С. (34) и упатувал закани.

Полициски службеници од СВР Штип денеска околу 13:00 часот, ја лишиле од слобода С.У. (29) од Виница, по пријава дека физички ја нападнала својата 51-годишна мајка со метален предмет, нанесувајќи и повреди. На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Општата болница во Кочани.

– Се преземаат мерки за расчистување на случаите, а по нивното целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.