Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Свет

Четири години од почетокот на војната во Украина – се гледа ли крајот на конфликтот?

На денешен ден пред четири години започна руската инвазија врз Украина, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешен ден пред четири години започна руската инвазија врз Украина, со порака од Владимир Путин, „мора да ги ослободиме нашите територии од украинскиот режим“. Мировен договор сè уште нема. Подолг период веќе фронтот останува стабилизиран. Москва контролира околу една петтина од украинската територија. Мировните преговори засега не вродуваат со плод, а вооружените напади едни кон други продолжуваат со засилено темпо. Според информациите од американска тинк тенк организација, 1,8 милиони луѓе ги загубија животите на бојното поле. è

Володомир Зеленски, Украинскиот претседател е подготвен да го замрзне конфликтот на моменталната линија на војната, односно на териториите на Донбас и да ја прифати моменталната состојба, но бара силни безбедносни гаранции од партнерите.

„Речиси сè имаме ставено на хартија, но се уште не е потпишано. Не е потпишан од САД. Мислам дека за прв пат САД сакаат да потпишат безбедносни гаранции во истиот момент кога предлогот од 20 точки ќе биде прифатен од сите нас“, изјави Зеленски.

Реклама

По ова интервју, Зеленски се обрати и од сопствениот бункер, а на мрежата X испрати порака до украинскиот народ во кој рече дека Путин не ги постигнал своите цели.

„Ја зачувавме Украина и ќе направиме сè за да постигнеме мир и правда. Сакаме мир – силен, достоинствен мир што трае“, посочи Украинскиот претседател

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин им се заблагодари на своите војници за пожртвуаноста во специјалната воена операција, за како што рече одбрана на Русија.

„Им оддаваме почит на сите оние кои ги ризикуваа своите животи, со храброст и смелост, со љубов кон Русија. Тие ја исполнуваат својата воена должност кон нашиот народ во специјалната воена операција“, изјави Путин.

Урсула Фон Дер Лајен и Марио Кошта, лидерите на ЕУ допатуваа во Украина за да дадат поддршка на украинскиот народ, и да се сретнат со Зеленски. Но, носат порака дека вчерашните обиди за нов пакет санкции кон Русија не вродија со плод. Унгарија стави вето на пакетот за поддршка на ЕУ од 90 милијарди евра за Украина, од кои 60 милијарди евра се наменети специјално за нејзина одбрана од рускиот напад.

Според Виктор Орбан, унгарскиот Премиер, Украина намерно го саботира нафтоводот дружба.

„Додека нафтата не тече низ Дружба, нема да има пари за Украина“, напиша на социјалната мрежа X.

Американскиот претседател подоцна ќе има свое обраќање, но тој останува посветен на изнаоѓање на мир помеѓу завојуваните страни. Веќе во четврток се очекува нова рунда преговори, најверојатно во Женева, помеѓу претставниците на Русија и Украина, предводени од САД за воспоставување мир.