Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Велигден: Обединети да продолжиме да ја унапредуваме државата и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија

По повод големиот христијански празник Велигден, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки со желби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод големиот христијански празник Велигден, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки со желби за добро здравје, мир и благосостојба во секој дом.

Христовото Воскресение е ден на радоста и ден кога Христос ја победил смртта, стои во честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.

Нека светлината на Христовото Воскресение донесе надеж, сила и нова енергија за надминување на сите предизвици со кои се соочуваме како општество.

Реклама

Овој свет празник нека биде потсетник дека по секоја жртва доаѓа победа, а по секоја темнина, светлина.

Во време на искушенија, поделби и неправди, потребно е единство, заедништво и решителност да изградиме подобра иднина за сите граѓани.

Обединети да продолжиме да ја унапредуваме државата и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија.

Водени од вредностите на традицијата, семејството и заедништвото, да останеме посветени на создавање држава на правда, развој и просперитет.

Нека љубовта, добрината и солидарноста бидат наш патоказ во овие празнични денови.

Нека е за многу години Велигден!

Христос Воскресе – Навистина Воскресе!,