Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Честитка до верниците по повод Велигден упатија градоначалниците од дебарскиот регион и СМИР   

Честитки по повод Христовото воскресение Велигден до верниците упатија градоначалниците од поширокиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Честитки по повод Христовото воскресение Велигден до верниците упатија градоначалниците од поширокиот дебарски регион, како и Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР.

 -Искрени честитки до сите верници по повод големиот празник Велигден, празник кој го носи духот на надежта, љубовта, добродетелството и благородноста. Велигденските празници нека го исполнат секој дом со мир, радост, љубов, здравје и бериќет, посака градоначалникот на Дебар Фисник Меља.

Од свое лично име и од име на општина Маврово и Ростуше честитка упати градоначалникот Омер Јакупоски, посакувајќи празникот да донесе мир, здравје и благосостојба, а неговата порака за надеж, солидарност и меѓусебна почит биде водилка во нашето секојдневие.

Реклама

-Како градоначалник, останувам цврсто посветен на градење заедница заснована врз меѓусебно разбирање, еднаквост и почитување на различностите, во која секој граѓанин се чувствува достоинствено и вреднувано, порачува Јакупоски.

Честитка до верниците упати и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим,  посакувајќи истиот да го поминат во радост и среќа со најблиските и со желби за здравје и благосостојба.

-До сите христијани, во мое и во име на Сојузот, искрени честитки по повод големиот празник Велигден, со желби за многу среќа, здравје, бериќет, стои во честитката на Сојузот на Македонците со исламска религија,  потпишана од претседателот Латиф Пајкоски.

Христовото воскресение во Дебар беше соопштено во црквата  “Успение на Пресвета Богородица“, од парохискиот намесник Миле Ангеловски. Присуствуваа поголем број верници, постојани, но и поранешни жители на градот и нивни потомци.