Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

„Чебрен и Галиште“ ќе се градат со пари од договорот за стратешко партнество со Обединетото Кралство

Хидроцентралите Чебрен и Галиште ќе се градат со британски пари – Ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хидроцентралите Чебрен и Галиште ќе се градат со британски пари – Ова е планот на Владата кој го соопшти премиерот Христијан Мицкоски во рамки на надзорната расправа посветена на животната средина во Собранието. Инвестицијата треба да чини околу 1.2 – 1.3 милијарди евра . Изградбата на хидроцентралите е еден од најважните и најголемите енергетски проекти за државата, и клучна за енергетската независност. Изградбата на Чебрен не е важна само за производство на струја туку со постојната ХЕЦ Тиквеш, и за обезбедување на дополнителна количина вода за Тиквешко поле.


„Инвестицијата е 1,2-1,3 милијарди евра. Силно сум убеден дека не само од аспект на производство на електрична енергија ни се потребни овие две хидроцентрали.  Имајќи ги предвид климатските промени за иднина ќе се потребни овие два нови резервоари за вода, тоа ќе биде голем предизвик во иднина. Убеден сум дека овие два резервоари за вода заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за тиквешко поле, 55- 60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување, а којшто во одредени периоди во годината изостанува со вода па се намалува родот и приносот, рече Мицкоски.

Изградбата на хидроцентралите е неуспешна веќе три децении, а минаната година, последна во мандатот на Димитар Ковачевски пропадна и 14-тиот тендер со кој требаше да се потпише договор со грчка компанија .

Реклама

Владата размислува и за развивање на туризам во околината. Мицкоски најавува дека има заинтересирани приватни компании кои би инвестирале во  Мариовскиот регион

Во рамки на надзорната расправа премиерот ги соопшти плановите на Владата за заштитна на животната средина и подобар квалитет на воздухот. Планот е да се градат когенеративни централи кои ќе го намалат аерозагадувањето, меѓутоа за тоа е потребно време бидејќи треба прво да се изгради гасна мрежа.

Најголем причинител е системот на затоплување на домови, јавни објекти кои се уште користат фосилни горива. Се кога би се сумирало , ова е еден од главните приоритети и посебно во делот на централизиран систем за затоплување на домовите и јавцните објекти, тоа може да се направи со изведба на гасни когенеративни централи, но потребна е инсталација , потребно е време да се случи сето тоа, порача Мицкоски.

Во делот на чииста енергија на крајот на јуни ќе отпочне изградбата на ветерниот парк на истокот на земјава. Владата веќе крои и други проекти во насока на справување со аерозагадувањето . Почнати се проекти за набавка на 120 електрични автобуси, намалување на царински стапки и модернизација и реконструкција на железничката инфраструктура на Коридорите 8 и 10