Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Бугарија се навреди од изјавата на Николоски за пругата, Караџов: тоа се македонски приказни за добра ноќ

Откако вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кажа дека е очигледно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кажа дека е очигледно оти Софија не сака да ја изгради пругата до границата од бугарска страна, неговиот бугарски колега Гроздан Караџов се најде погоден. Па ги нарече ваквите изјави „македонски приказни за добра ноќ“.
Николоски претходно рече дека бугарската страна ги игнорира македонските барања за средба за договор за изградба на пругата и оти ги известиле европските институции за информациите дека софија одлучила да не ја реконструира пругата од софија до перник.

Караџов одговори во интервју за бугарската телевизија БНТ.

„Тоа се некакви македонски приказни за добра ноќ, затоа што додека николоски ги зборува тие работи, тој воз поминал низ перник, поминал и низ Радомир, стигнал до Ќустендил и од таму запрел на последната станица во Ѓуешево да чека да дојде и македонскиот воз“, изјави Караџов.

Реклама

Според него, додека македонија да направи пруга до границата, Бугарија веќе ќе има направено брза пруга по која возовите ќе може да се движат по 160 километри на час.