Македонскиот државен политички врв со различни очекувања по изгласувањето на владата на Румен Радев. За едни промените во Бугарија би значале враќање на дијалогот , според други работите ќе останат непроменети. Претседателката Горада Сиљановска Давкова вели дека се ќе зависи од подготвеноста за искрен дијалог меѓу двете страни.
„Очекувањата треба да се упатат до новата бугарска влада и премиерот Румен Радев. Б угарскиот народ очекува стабилност, реформи и борба против корупцијата и криминалот. Јас секогаш разговарам bona fide, но дали ќе има подобрување на односите, ќе зависи од соговорниците“, изјави Гордана Сиљановска Давкова – претседател на државата
Додека претседателката се надева на искрени разговри меѓу Бугарија и Макдонија, првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски не очекува да има некакво подобрување во односите, вели се додека има како што ги нарече котиња од СДСМ кои ги распродаваат македонските интереси за пари, исходот ќе биде ваков каков што е. Мицкоски му честитал на Радев на победата.

„Не очекувам подобрување, се додека има котиња од сдсм кои ги распродаваат интересите место да застанат со нас одлучија ко котиња, до господинот радев му честитав да имаме успешни односи и се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме односите, дали официјално ќе го поканите на средба премиер со премиер еве официјаслно го поканувам“, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на Владата на Македонија.
Венко Филипче во неколку наврати истакна дека не гледа како Бугарија ни ги негира јазикот, иденитетот. Сепак во денешната честитка која ја упати до Радев вели дека се надевал оти преку дијалог и со зачувување на македонскиот иденитет ќе сме ги решеле проблемите. Нешто што до вчера не беше под закана, сега Филипче го стави во честитката во која изнесе и навреди кон македонскиот премиер.
„Македонија е цврсто определена за европска иднина. Единствениот пат е патот на ЕУ интеграциите. За жал, во Македонија постои криминална група, предводена од Христијан Мицкоски, која свесно го блокира европскиот пат на земјата и создава вештачки конфликти со соседите, заради заштита на својот корумпиран систем“, пишува Филипче во објавата во која му ја честита победата на Радев“, објави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Очигледно Венко Филипче продолжува со потчинетиот однос кон Бугарија, истовремено напаѓајќи ја сопствената држава.
Инаку бугарското народното собрание денеска со 124 гласа „за“, 70 „против“ и 36 „воздржани“ ја избра новата влада на чело со Румен Радев. Министерството за финансии ќе го раководи Галаб Донев. Нов бугарски министер за надворешни работи е Велислава Петрова-Чамова, за одбрана Димитар Стојанов, за внатрешни работи Иван Демерџиев, за правда Николај Најденов.
