Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Британскиот министер за здравство: Омикрон се шири со „извонредна брзина“

Новата варијанта на коронавирусот се шири „со извонредна брзина“, така што луѓето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата варијанта на коронавирусот се шири „со извонредна брзина“, така што луѓето треба да добијат дополнителна доза од вакцината бидејќи лицата вакцинирани само со две дози се ранливи, изјави денеска британскиот министер за здравство, Саид Џавид.

Иако Џавид рече дека досега нема потврдени смртни случаи во Англија, соопшти дека околу 40 отсто од новозаразените во Лондон се инфекции со сојот омикрон.

„Она што го знаеме за омикрон е дека се шири со извонредна брзина, нешто што досега не сме го виделе, на секои два или три дена бројот на заразени се удвојува“, рече Џавид за Скај њуз.

Реклама

„Тоа значи дека се соочуваме со бран на инфекција, повторно сме во трка меѓу вакцини и вируси“.

Откако беа откриени првите случаи на омикрон во Обединетото Кралство, на 27 ноември, премиерот Борис Џонсон воведе построги ограничувања и им порача на граѓаните дека бран на омикрон наскоро ќе ја погоди земјата.