Реклама
Прилози

Брисел треба да покаже дека ја сака Македонија во ЕУ: Добро е што европеецот Кошта доаѓа во Скопје, но да видиме дали носи нешто конкретно во чантата

Добро е што шефот на Европскиот совет Антонио Кошта лично доаѓа да ја потврди посветеноста на ЕУ за проширување, но таа посета, посебно на Скопје, не смее да се сведе на веќе видените фрази. Македонија во последниве две декади се има изнасшлушано вакви охрабрувачки пораки, дека сега е моментумот, а потоа ништо не се случува. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добро е што шефот на Европскиот совет Антонио Кошта лично доаѓа да ја потврди посветеноста на ЕУ за проширување, но таа посета, посебно на Скопје, не смее да се сведе на веќе видените фрази. Македонија во последниве две декади се има изнасшлушано вакви охрабрувачки пораки, дека сега е моментумот, а потоа ништо не се случува. Според експертите, посетата е добар сигнал дека сме дел од плановите на Унијата, но на средбите Кошта ќе мора да понуди и некој конкретен чекори, а не само празни зборови.

-Веројатно треба да претставува еден сигнал дека Европската Унија останува посветена на проширувањето. За жал, ова нема да е прва посета проследена со оние добропознати фрази, дека Унијата останува посветена на овој процес, како и дека сега е моментот да се направи чекор напред. Ние во изминатите 20 години повеќе пати сме слушнале такви најави. Ние за разлика од многу други држави, имаме посебни искуства во процесот на проширувањето и за да се докаже посветеноста на ЕУ кон проширувањето со државите од Западен Балкан, ќе треба да видиме навистина конкретни чекори, изјави универзитетскиот професор Васко Наумовски за Алфа.

Тема на разговор меѓу Кошта и Мицкоски, секако ќе бидат и низата иницијативи кои произлегуваат од поеќе европски центри за промени во просецот за проширување, пред се предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за еден вид фазно членство ко би се однесувало на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија. Наумовски е песимист дека ваков предлог би поминал во моментов, бидејќи согласност мора да има од сите земји членки.

Реклама

-Во овој момент сметам дека не постои еден јасен, единствен став помеѓу сите институции и сите држави членки за тоа како треба да се движи проширувањето натаму. Останува да видиме дали претседателот на Европскиот совет ја поддржува оваа идеја на германскиот канцелар или не. И да видиме дали идејата за некакво приближување на Украина кон Европската Унија, без формалната постапка важи и за државите од Западниот Балкан, изјави Наумовски.

Од македонска страна, премиерот Мицкоски само во последната недела неколку пати го повтори ставот на неговата влада – уставни измени, вакви како што се предвидени во моемнтов нема да има, па по цена да се почека подолго за влез во Европската унија. За разлика од него, сдсм и филипче не само што се подготвени се да исполнат, по секога цена, и тоа против волјата на народот, туку и со сите сулу го форсираат внесувањето на Буагрите во уставот.

Покрај Кошта месецов е најавена посета и од страна на еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Ова доаѓа по одлуката на Брисел, Македонија да добие најголем дел од средствата од Планот за раст, наменети за земјите од Западен Балкан. 

Матеја Петровски