Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Божиновска во посета на ХЕЦ „Тиквеш: Владата почнува да го санира наследениот хаос во електроцентралите

Македонските енергетски капацитети оставени опустошени, а состојбата со хидросистемите е на критично…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските енергетски капацитети оставени опустошени, а состојбата со хидросистемите е на критично ниво – ова е сериозен проблем кој владата го наследи и треба да го реши на патот до остварување на главната цел, енергетски независна земја. Пример за лошата состојба е Хидроцентралата Тиквеш. Во овој момент водостојот е на критично ниво и според министерката Божиновска, празниот простор некогаш исполнет со вода го вклучува „црвениот аларм“ – мора внимателно и одговорно да се менаџира со ресурсите. ХЕЦ Тиквеш е изградена со инсталирана моќност од 113 MW и годишно производство од 144 GWh, но во овој момент како што информираат од министерството за енергетика  се соочува со сериозни ограничувања поради недостигот на вода. Божиновска од лице место посочи дека владата сериозно е посветена да се промени сегашната ситуација

„Ова е повик за будност. Ќе вложиме максимални напори за оптимизирање на користењето на ресурсите. Ќе се занимавaме и со тоа зошто ни се опустошени македонските енергетски капацитети, но јас знам дека со чесен пристап со макотрпна работа може да се промени сегашната слика и нема да се откажам, ниту јас ниту оваа влада од намерата Македонија да биде енергетски независна земја.“ истакна Божиновска.

Директорот Бошков вели дека затекнал ниво на вода која што е 12 пати пониска од просекот за овој период од годината. Дотокот на вода се зголемил во последниот период благодарение на обилните дождови. Поради критичната состојба со акомулацијата стравувале од хаварија и сериозни оштетувања на системот во хидроелектраната:

Реклама

„Наследив празна акумулација, со кота која е 12 метри под просечната за овој период од годината. Но денес за прв пат имаме дотоци кои по подолго време се двоцифрени. Деновиве имавме дотоци од 5 кубни метри во секунда, а само во последните 24 часа имаме дотоци од 77 кубни метри во секунда и се надеваме дека тоа ќе оди во нагорна линија и дека идното производство ќе биде во функција на зголемувањето на приходите на нашата компанија а со тоа и на подобрување на примарната  и секундарната регулација   која ќе овозможи постабилен енергетски систем во нашата држава“ изјави директорот на ХЕЦ Тиквеш Звонко Бошков,

Инаку според тимот од хидроелектраната ова е прва посета на ресорен министер по речиси две децении. ХЕЦ Тиквеш е изградена во периодот од 1968 до 1971 година и игра важна улога во енергетската инфраструктура на земјата. Важноста на овој хидросистем е двојна, покрај производство на струја се користи и за наводнување на Тиквешко Поле што претставува еден од регионите со најголема потреба за наводнување.