Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Божиновска: Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во енергетиката и инвестициите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Истанбул учествуваше на бизнис-форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Истанбул учествуваше на бизнис-форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави.

Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестициски иницијативи. На форумот учествуваше висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во чиј состав се и ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област.

Во рамките на форумот министерката Божиновска говореше на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде што ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима.

Реклама

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во рамките на Македонско-турскиот бизнис-форум во Истанбул оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете пријателски земји, со посебен акцент на енергетиката, рударството, минералните суровини и привлекувањето нови инвестиции.

Средбата претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на македонско-турските односи и потврда на заедничката определба за продлабочување на економската соработка, привлекување инвестиции и создавање нови можности за одржлив развој и просперитет на двете земји.