Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Божиновска: Македонија во Истанбул ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска, во Истанбул, учествува на бизнис-форумот Македонија – Турција, посветен на продлабочување на економската соработка и привлекување инвестиции. Како што соопштуваат од Министерството за енергетика, на форумот присуствува владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министри од економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска, во Истанбул, учествува на бизнис-форумот Македонија – Турција, посветен на продлабочување на економската соработка и привлекување инвестиции.

Како што соопштуваат од Министерството за енергетика, на форумот присуствува владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министри од економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот сектор. Домаќин на настанот од турска страна е министерот за трговија Омер Болат, а организатори се турското Министерство за трговија и Советот за надворешни економски односи (DEİK).

Форумот ги обединува претставниците на институциите и бизнис-заедниците од двете земји со цел зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестициски иницијативи.

Реклама

– Во рамките на форумот министерката Божиновска ќе биде учесник на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде што ќе ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима – стои во соопштението.

Предвидено е Божиновска да оствари и билатерална средба со турскиот министер за трговија Болат, на која ќе се разговара за унапредување на економската соработка, зголемување на турските инвестиции и можностите за партнерства во енергетиката и стратешките индустрии.