Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Прилози

Борба со невработеноста – Оперативниот план годинава тежи рекордни 40 милиони евра

Оперативниот план на Владата во вредност од 40 милиони евра, кој годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оперативниот план на Владата во вредност од 40 милиони евра, кој годинава е највисок, во наредната 2026 година ќе биде зголемен со нови мерки и со повеќе средства. Ваквата тенденција се должи на големиот интерес кај апликантите, особено на младите лица кои преку овие мерки имаат можност да се самовработуваат, но и да се здружуваат. Од Министерството за економија и труд, велат дека се задоволни од досегашната имплементација на Планот, особено по укажаната нужност првично планираните средства да се зголемат за уште 7,5 милиони евра.

   „Бидејќи мерките, нормално не се дадени еднаш засекогаш, има и    предлози кои што предлози можат да ги подобрат постојните мерки, меѓутоа и да воведеме нови, поатрактивни мерки во иднина со новиот Оперативен план кои ќе бидат многу подостапни и пооперативни и за постојните компании, меѓутоа и за невработените лица“ – вели Марјан Ристески, зам.министер за економија и труд.

Како дел од зелената агенда, во овој Оператвен план беа вкалкулирани 9 мерки и голем број подмерки.

Реклама

 „Во овој момент ја креираме Програмата за 2026 година и сакаме таму да влезат проекти кои што ќе бидат излезени од бизнис-заедницата, бидејќи сакаме да одговориме на нивните реални потреби. Во моментот, покрај админситративните работи кои што ги спроведуваме согласно новиот Закон, работиме и на целосно креирање на Програмата, директно од терен заедно со бизнис-заедницата и истражувачките центри“, – кажа Даниела Димовска, в.д. директор на Агенцијата ИНОВА.

Можност за 200 нови вработувања во микро, мали и средни претпријатија кои ќе обезбедат зелени инвестиции, мерки за самовработување, мерки за обука, едукација и доедукација на невработените кадри во Македонија како би биле поатрактивни на пазарот на трудот, се само дел од мерките од се’ уште важечкиот Оперативен план. Благодарение на овие мерки, проекциите на Владата се дека годинава треба да заврши со намалена стапка на неврабоtеност од 11,1 %.