Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Болнички пари за пици и гориво – обвинение за финансиски злоупотреби тешки над 9,5 милиони денари во прилепската болница

Против осум физички лица, меѓу кои и екс-директорката на прилепската болница, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Против осум физички лица, меѓу кои и екс-директорката на прилепската болница, како и против едно правно лице, ОЈО поднесе обвинение. Според обвинителниот акт, директорката на болницата и уште тројца вработени, во периодот од почетокот на 2022 до јули 2024 година, противправно присвоиле пари доверени во службата и прибавиле значителна имотна корист во вкупен износ од 9.605.081 денари.

„Преку фиктивни налози за работа и обрасци/каси-исплати, со невистинита содржина за наводно извршени работи за потребите на болницата, на физички лица им исплаќале средства од остварениот промет од наплата на партиципација за здравствени услуги, без користење на системот на УЈП или на друга документација за оправданоста на трошењата. Исплатите често се правдале со фискални сметки за гориво, за пицерии, ресторани, слаткарници и други угостителски објекти“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Овие незаконски дејствија ги прикривале со внесување лажни податоци во компјутерскиот систем, а вршеле и корекции на креираните записи. Незаконски дејствија имало и во јавните набавки, каде екс-директорката и едно правно лице за обезбедување на имот и лица се сомничат дека со неизвршување на обврските од договорот за физичко обезбедување на болницата оствариле имотна корист од 6.567.538 денари, на штета на болницата.

Реклама

„Иако ангажираната фирма не ги исполнувала обврските од договорот, се вршела фиктивна евиденција и услугите редовно им се исплаќале по доставените фактури“, информираат од ОЈО.

Екс-директорката нанела поголема имотна штета на болницата и преку наводната набавка на храна за потребите на болничката кујна од различни угостителски објекти, со што ја оштетила болницата за вкупно 1.439.987 денари. Во периодот од 2022 до 2024 година, обвинетата вршела и неосновани исплати на додатоци за прекувремена работа на повеќе селективно избрани вработени, со што болничкиот буџет го оштетила за 1.850.895 денари, велат од ОЈО.

Инаку, финансискиот скандал во прилепската болница почна да се одмотува лани во октомври, кога при голема акција на Финансиската полиција беа приведени вкупно 32 физички и правни лица осомничени за злоупотреби на јавни набавки, службена положба и за фалсификување и уништување деловни книги, со што предизвикале штета во вредност од околу 800.000 евра. На шестмина од осомничените уште тогаш им беше одреден притвор во траење од 30 дена, а по истекот на тој рок, на 21 ноември, им беше и продолжен.

Против 19 лица има мерки на претпазливост, на седум фирми од повеќе градови им е одредена забрана за учество во јавни набавки, додека девет други осомничени се гонат по скратена постапка. Според ОЈО, во однос на дел од дејствијата кои оттогаш се предмет на истрагата, истражната постапка продолжува во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.