Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Бојковска: Со оставката на Коцевски падна и последниот бедем на СДСM

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за актуелната тема,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за актуелната тема, оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, и потенцираше дека оваа оставка е победа на граѓаните на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас би ја оценила оваа оставка на државниот јавен обвинител како победа на граѓаните на Македонија, бидејќи беше нужно потребно да се случи час поскоро, бидејќи сведочевме на период во којшто имавме голема недоверба на судството, ова нека биде првиот чекор во којшто можеме да направиме една посериозна реформа“, рече Бојковска и додаде:

„Најлесно за нас ќе беше уште од почетокот на доаѓањето на власт да бидеме исти како претходната влада, кога Заев во многу брз рок го промени државниот јавен обвинител и си постави негов, тоа ќе беше најлесно за ВМРО-ДПМНЕ, но покажавме една големина и оставивме доволен простор за Коцевски да го докаже спротивното, видовме дека немаме никакви реформи, со давањето на оставката на Коцевски падна последниот бедем на СДСМ“.

Реклама

На крај Бојковска посочи дека менувањето на државниот јавен обвинител ќе биде чекор кон создавањето на едно независно судство.

„Менувањето на овој државен јавен обвинител нека биде чекор кон создавањето на едно независно судство, постапката за новиот државен јавен обвинител ќе биде многу транспарентна, секој еден којшто ќе ги исполнува квалификациите за државен јавен обвинител ќе има можност да биде сослушан. Стојам на ставот дека час поскоро ни е потребно независно судство, а и во овие 16 месеци ние покажавме дека не должиме никому и секој еден којшто се огрешил пред законот да одговара“, децидна е Бојковска.