Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Бизнис

Бизнисот бара евтини кредити за зелена енергија пред воведување на јаглеродна такса

Евтини кредити за зелена енергија бараат компаниите за да им се намалат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евтини кредити за зелена енергија бараат компаниите за да им се намалат трошоците бидејќи од први јануари ќе треба да плаќаат такса за загадување за извезените производи во ЕУ  согласно нивото на т.н. јаглероден отпечаток.  Помошта значително ќе им помогне на бизнисите од челичниот и цементниот сектор. Од Здружението на метална и електроиндустрија велат дека ќе има притисок врз цените, но и дека не очекуваат да ги изгубат долгогодишните клиенти со кои имаат одлична соработка.

– Во секој случај цената ќе биде оптеретена и компаниите се подготвуваат да се соочат со тоа. Цената ќе трпи, секако тоа е домино ефект, но сметам дека компаниите се подготвуваат долго време и секој веќе размислува како да се справи со тоа, вели Марта Наумовска – Грнарова од Македонска асоцијација на метална индустрија МАМЕИ. 

Министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека се уште не се знае колкава такса ќе треба да се плаќа и дека најавите биле да се утврди надомест врз основа на соодносот на обновливинаспроти загадувачки извори на енергија на државно ниво. Во Македонија доминира струјата од јаглен од домашните термоелектрани, додека обновливите извори учествуваат со 40%. Надлежните се уште преговараат и очекуваат одредени иземања и пролонгирања на обврските. За компаниите што побрзо да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид, беше промовиран и Водич за декарбонизација.

Реклама

Заострените регулативи за животната средина бараат од бизнисите да употребуваат еколошки материјали, да ја намалат потрошувачката на енергија и да го минимизираат отпадот. За Македонија да постигне целосна декарбонизација во енергетиката, транспортот и градежништвото, според Светска Банка ќе и требаат инвестиции од 5,6 милијарди долари во следните 25 години.