Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Економија

Бизнис форум во Стокхолм: Потврден силниот потенцијал за унапредување на македонско-шведската економска соработка

Во Стокхолм, Шведска, денеска се одржа бизнис форум во организација на Шведско-македонска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Стокхолм, Шведска, денеска се одржа бизнис форум во организација на Шведско-македонска стопанска комора и Македонија 2025, со поддршка на владите на двете држави, посветен на унапредување на економската соработка, трговската размена и инвестициските можности меѓу Македонија и Кралство Шведска.

На Форумот поздравно обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој истакна дека и покрај географската оддалеченост, двете земји развиваат стабилна и динамична соработка на повеќе полиња, базирана на заеднички вредности, комплементарни економски структури и силно партнерство.

Во своето обраќање, Димитровски посочи дека Шведска претставува еден од најзначајните партнери и донатори за Македонија во процесот на европска интеграција, особено преку поддршката од Шведската агенција за меѓународен развој – СИДА, која континуирано придонесува кон реформските политики во областа на одржливиот развој, животната средина, економската отпорност и инклузивниот економски раст.

Реклама

Тој нагласи дека трговската размена меѓу двете земји бележи континуиран раст, при што во последните пет години расте со просечна годишна стапка од над 16 проценти. Притоа, беше истакнато дека постои значителен неискористен потенцијал за продлабочување на економската соработка, особено во ИКТ секторот, зелените технологии, производството, иновациите и здравствените услуги.

Во рамки на Форумот се обрати и државната секретарка во Кабинетот на премиерот на Кралство Шведска, Ана Далберг, која ја нагласи важноста на партнерството со нашата држава и поддршката за нејзиниот европски пат и економски развој.

На маргините на Форумот, заменик министерот Димитровски оствари билатерална средба со државната секретарка Далберг, на која беа разгледани билатералната соработка, поддршката за европската интеграција, економските можности, како и актуелните безбедносни и политички предизвици во регионот и Европа.

Во разговорите беше констатирано дека отворањето на Шведско-македонска стопанска комора, претставува ново поглавје во економските односи меѓу двете земји и важен чекор кон создавање долгорочни трговски и инвестициски партнерства.

Беше потенцирано и дека повеќе од четириесет шведски компании веќе активно работат на македонскиот пазар, во области како автоиндустријата, телекомуникациите, медицинската опрема, текстилот, козметиката и трговијата, додека повеќе од педесет компании во Шведска се основани или управувани од македонски државјани, што дополнително ја потврдува силната економска поврзаност и потенцијалот за натамошен развој на соработката.