Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Бирото за развој на образованието одбележа 70 години од основањето

Бирото за развој на образованието денеска свечено одбележа 70 години од основањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бирото за развој на образованието денеска свечено одбележа 70 години од основањето и етаблирањето во централна стручна, советодавна и развојна институција во областа на образованието. БРО е основано во 1955 година со задача да креира образовни политики, обработка и ревизија на наставните програми, унапредување на наставната практика и поддршка на професионалниот развој на наставниците – со цел напредок на националониот образовен систем. 

Јубилејот на БРО, кој е орган во составот на МОН, го честиташе министерката за образование и наука Весна Јаневска, нагласувајќи дека денот е значаен и за наставниците и учениците и за сите кои се дел од образовниот систем. 

Во изјава за медиумите пред свеченоста, Јаневска им се заблагодари на сите вработени  во БРО, сега и во минатото, „за нивната многу значајна работа која придонесува за унапредувањето и за квалитетот на знаењето“. 

Реклама

-Како било во минатото не би навлегувала, сум имала и позитивни и негативни ставови, но во овие 18 месеци откако МОН соработува со БРО, навистина имаме совршено добро согласување за тоа како треба да изгледа нашето образованието, за постигнувањата на учениците, за едукацијата на наставниците, за промената на наставните планови и програми, за концепциите – одлично ни оди согласувањето. Оттука очекувам, после извесен период, да постигнеме заеднички големи успеси. Ниту Министерството за образование и наука, ниту другите образовни институции, можат да направат нешто без Бирото за развој на образованието, изјави Јаневска честитајќи го јубилејот на БРО со желби за нови успеси. 

Директорката на Бирото, Милка Тримчевска, изјави дека со особена чест и гордост го одбележуваат јубилејот од работата на Бирото кое, како што рече, „визионерски ги постави целите кон најквалитетно образование“.

-Покрај тоа што ја одбележуваме 70-годишната работа, им оддаваме почит и на вработените од минатото и сегашните и им благодариме на институциите и организациите кои со максимална поддршка во текот на сите овие години, особено на МОН и министерката Весна Јаневска, рече Тримчевска.

Во изјавата за медиумите, таа рече дека БРО сега има 152 вработени, но дека со оглед на значајноста на оваа институција, не може да кажат дека го постигнале максимумот во екипираноста. 

-Во моментов имаме 152 вработени, но апсолутно треба да посветиме повеќе внимание во однос на екипирање советнци за конкретни предмети. Тоа е нешто што е поставено како цел на БРО и МОН, за да можеме да ги зајакнуваме овие капацитети. Затоа што, како што е и називот на институцијата, образованието го развиваме за нашите ученици, за наставниците вклучени во процесот и сметам дека зајакнувањето на капацитетите и компетенциите на постојните капацитети е од особена важност кон којашто целиме, рече директорката на Бирото.

На прашање во врска со тековната јавна дискусија што ја организира БРО за измени на лектирниот список во основното образование, Тримчевска одговори дека добиваат премногу предлози.

-Добиваме премногу мејлови со предлози. До 30 ноември е отворен повикот, тоа секако нема да престане на 30 ноември, но мора да направиме еден пресек. Драго ми е што има особено интерес од многу наставници коишто се директни практичари во наставниот процес, но добредојдени се сите предлози кои се земаат во предвод согласно  критериумите што ги имаме поставено, додаде Тримчевска. 

На свеченоста им беа доделени благодарници на претставници на институции кои ја поддржуваат работата на БРО и беше промовирана монографија за 70-годишниот јубилеј од постоењето на Бирото.