Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Бимилк: Консолидација или спојување на фармите е првиот чекор кон оддржливост во млекопроизводството

Млечната индустрија во Македонија се соочува со сериозни предизвици. Примарното производство е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Млечната индустрија во Македонија се соочува со сериозни предизвици. Примарното производство е раситнето, со многу мали фарми кои произведуваат ограничени количини млеко. Во последните години се забележува и намалување на домашното производство, додека увозот на млечни производи расте. Процесот на консолидација, односно спојување на фармите, би бил првиот чекор кон одржливост.

„Иако примарното производство и понатаму се карактеризира со раситнетост и мал обем по фарма, охрабрувачки е фактот што започна процес на консолидација. Тоа е првиот чекор кон одржливост“ изјави Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк

Една од поголемите млекарници во земјава, Бимилк, директно соработува со 400 фаремери. Оттаму велат дека обезбедуват поддршка преку едукација и технолошки напредок, со цел да се подобри квалитетот на суровото млеко.

Реклама

„Фармерите кои инвестираат во квалитет преку подобрена исхрана, автоматизирани системи за молзење и добра ветеринарна поддршка, континуирано испорачуваат млеко со највисоки технолошки параметри“ изјави Александар Мано, менаџер за операции во компанијата

По повод светскиот ден на млекото најуспешните фармери од пелагониско добија признанија.

„Вашата посветеност, истрајност и трудољубивост се меѓу најважните столбови на локалната економија и клучниот двигател на млечната индустрија во Битола“ изјави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски

Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2023 година производството на кравјо млеко изнесувало околу 238 милиони литри, што претставува намалување од околу 26% во споредба со претходната година. Во исто време, увозот на млечни производи бележи раст, што ја потенцира потребата од дополнителна поддршка и инвестиции во домашното производство.