Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Безбедносните предизвици и борбата против тероризмот во фокус на средбата на Собраниската група со израелската делегација

Безбедносни предизвици и потребата од координирана борба против тероризмот беа во фокусот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедносни предизвици и потребата од координирана борба против тероризмот беа во фокусот на средбата помеѓу Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Државата Израел со израелската амбасадорка Вивиен Ајзен и д-р Амира Халперин, виш научен соработник за БИКОМ. 

Како што соопштуваат од Собранието, претседателката на Пратеничката група, Рашела Мизрахи, истакна дека средбата е уште една потврда за силните и пријателски односи со Израел, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година.

-Живееме во време на исклучително сложени глобални безбедносни предизвици. Радикализмот, насилниот екстремизам и тероризмот се закани кои не познаваат граници и бараат одлучен, заеднички и координиран одговор. Иако Собранието е институција која не типично асоцира на дискусии околу безбедносни прашања, сепак верувам дека токму во овој дом треба да се креираат политиките за безбедносниот систем на државата, истакна Мизрахи.

Реклама

Во фокусот на средбата, како што дополнуваат, била презентацијата на д-р Халперин за терористичките закани во Велика Британија и неуспехот на политиките во борбата против тероризмот. Таа зборувала за глобалните закани од тероризам, за терористичките групи кои дејствуваат глобално, како Хамас, ИСИС, Ал Каеда, за нивното влијание и продор во повеќе сектори, за поддршката од студенти и професори на многу универзитети.

Амбасадорката Ајзен и д-р Халперин ставле акцент на антисемитизмот и во тој контекст била нагласена скапата пропаганда и важноста од подигањето на општествената свест, потребата од едукација и меѓусебна соработка во борбата против тероризмот.

-Од присутните беше изразено разбирање за виталните интереси на Израел и неговото право на самоодбрана од терористички закани, што беше недвосмислено изразено и преку осудата на нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година, стои во соопштението од Собранието.