Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

„Безбеден град“ од 1 февруари: Собранието ги изгласа измените за прекршоците

Од 1-ви февруари камерите на „Сејф сити“ ќе ги ловат несовесните возачи.Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1-ви февруари камерите на „Сејф сити“ ќе ги ловат несовесните возачи.Собранието го изгласа Законот за прекршоци со 81 глас „за“ и 19 „против“. По барање на координаторката на „Европскиот фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално, односно секој пратеник гласаше поединечно.Дел од пратениците на ДУИ дадоа поддршка за законските измени со што се обезбеди двотретинско мнозинство.

Камерите на “Сејф сити” автоматски ќе регистрираат сообраќајни прекршоци како брзо возење, минување на црвено светло и непрописно паркирање.А возачите ќе добиваат СМС или е-пошта со казната и можност да платат електронски. Сите прекршоци ќе се санкционираат брзо, а целта е повеќе ред и безбедност на улиците.

Министерот Тошковски во повеќе наврати досега потенцираше дека целта на “Безбеден град” не е да казнува, туку да се спасат повеќе човечки животи, но и да се подобри сообраќајната култура.

Реклама

Интегративците кои првично најавија поддршка за законските измени денеска се премислија, па се поделија во гласањето.За дел од нив спорно е што известувањата за прекршоците не биле и на албански јазик.

Пратениците на СДСМ не дадоа поддршка за измените на законот. Стравуваат дека податоците на граѓаните ќе бидат  злоупотребени.

Со стапувањето во сила на измените, „Сејф сити“ ќе почне да функционира во Скопје, Куманово и Тетово, како и на делници од Коридорите 8 и 10, каде досега камерите работеа пробно и испраќаа само опомени. Казнните за брзо возење ќе се движат од 15 до 300 евра, во зависност од тоа колку е надмината дозволената брзина. Поминување на црвено светло – казната е околу 250–300 евра. И за неправилно паркирање ќе се наплаќа околу 45 евра.