Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Свет

Бесплатно пиво по боцкањето – уникатен начин за поттикнување на вакцинацијата во Вашингтон

35.4% од сите Американци се целосно вакцинирани против Ковид-19, во просек на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

35.4% од сите Американци се целосно вакцинирани против Ковид-19, во просек на ден се даваат по 2 милиони дози. Сепак, темпото на вакцинација опадна поради намалениот интерес, па властите преземаат мерки за да ги поттикнат луѓето да се имунизираат.

Прекрасна мајска вечер во The Reach, нов надворешен дел на центарот за уметности „Кенеди“ во Вашингтон. Луѓето чекаат во редици за да се вакцинираат.

Само сакав лесен начин да добијам вакцина, а поедноставно од ова нема-рече Алберто, жител на Вашингтон.  

Реклама

Но, има и дополнителни привилегии за оние кои се вакцинираат овде, процесот се одвива без закажување, а по боцкањето следува и бесплатно пиво. Оваа комбинација го привлекла Џонатан кој е во посета на градот.

Дознав за ова преку реклама на телевизија пред околу еден час додека седев во мојот хотел-рече Џонатан, посетител на Вашингтон.

И оние кои не пијат пиво се привлечени поради едноставноста на процесот и добивањето вакцина на Johnson & Johnson која има само една доза.

Луѓето или сакаат или не сакаат вакцина, нудењето пиво мислам дека нема да промени многу. Но, сакавме да го видиме The Reach. Имаме општествен притисок-рече Кристина, жителка на Вашингтон.

Локалната власт во Вашингтон и една регионална пиварница се здружија во центарот „Кенеди“ на настанот кој е наречен „Вакцинирај се и испиј пиво“.

Пивото е само бонус кога доаѓате да се вакцинирате. Се случи брзо, за 48 часа. Мислам дека канцеларијата на градоначалничката го овозможи ова-велиЛашел Дејвис, пиварница Солас.

Настаните како овој помагаат да се постигне целта која ја постави претседателот Џо Бајден – да се вакцинираат 70% од возрасните Американци до 4-ти Јули.

Имаме локации низ целиот округ кои ќе бидат отворени секој ден според одреден распоред, но исто така ќе имаме и вакви настани за да се осигуриме дека жителите јасно знаат дека вакцината е бесплатна, достапна а може да биде и забавна-изјави Џон Фаличио, заменик – градоначланик на Вашингтон.

Градските здравствени власти сметаат дека овој настан беше успешен.

Не бев сигурна како ќе биде посетено, но имавме одлична посетеност. Пациентите се нестрпливи да ја добијат вакцината. Мислам дека ваквите настани се одлични, се што го прави подостапно вакцинирањето-рече Алексис Фиринг, Оддел за здравство на Вашингтон.

Оваа недела во Вашингтон се укинуваат ограничувањата за капацитет во рестораните, црквите, теретаните, базените, организирањето свадби и други настани. Рестрикциите за големите спортски и забавни настани се очекува да бидат укинати наредниот месец.

Повеќето рестрикции се веќе укинати во најголем дел од САД,  а Центарот за контрола на болести во четвртокот објави дека целосно вакцинираните луѓе не мора да носат заштитни маски ниту на отворено ниту на затворено, освен при посебни околности како при патување со автобус, воз или авион.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.