Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Економија

Бензините поевтинуваат за 7, а дизелот за 5,5 денари

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 7 денари за литар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 7 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за 5,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката  се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51 отсто.

Новата малопродажна цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 86 денари за литар, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 88, а „евродизел БС (Д-Е V)“ за 94,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,5 денари и ќе изнесува 103,5 денари за литар, а цената на „мазутот М-1 НС“ се намалува за 6,261 денари за килограм и ќе изнесува 49,312 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување, и тоа кај бензините во просек за 12,340 отсто, кај дизелот за 6,785, кај екстра-лесното масло за 7,834 и кај мазутот за 13,816 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5247 отсто.

Реклама

Во одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват „евродизел (Д-Е V)“ во износ од 10 отсто и е применет намалениот износ на акцизата од 2 денари за литар кај бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и од 4 денари кај „евродизелот (Д-Е V)“.