Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Беџети: Треба постепена консолидација и да ја постигнеме фискалната конвергенција, која е еден од условите за приближување кон Европска Унија

Оценување на макроекономските состојби и ризици, сочинување на фискалните политики и надгледување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оценување на макроекономските состојби и ризици, сочинување на фискалните политики и надгледување и надзор над фискалните правила се трите главни столба на Фискалниот совет во државата. Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети кој по потпишувањето на меморандумот за соработка со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски одговараше на новинарски прашања рече дека макроекономската стабилност е предуслов за се, а потоа се јавуваат последиците од презадолжување. Надолна линија не е презицирана, но предвидено е да биде до 54 проценти.

-Надолна линија не е прецизирано, но според нашите научни истражувања тоа се движи од 52 до 54 проценти во однос на структурата и капацитетот на економијата на Македонија. И покрај тоа што формалната граница е 60 проценти сега сме над 60 проценти, и треба постепено да се консолидира и се движиме кон тоа, рече Беџети.

Посочи дека Фискалниот совет дава свои насоки, извештаи, анализи со цел подобрување на моменталната ситуација во државата.

Реклама

-Фискалниот совет дава насоки, извештаи, анализи. Сите тие се објавени на нашата веб страница, а насоките се дека треба да има постепена консолидација и да ја постигнеме фискалната конвергенција, која е еден од условите за приближување кон Европска Унија, изјави Беџети.

Тој додаде дека  каматните стапки се многу високи  и тоа значи дека секојпат кога каматната стапка е над растот на реалниот Бруто домашен производ (БДП) тоа е погубно за економијата.