Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Tоп

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Во време кога Македонија кубури со пожарникари, возачот на владиниот ген сек,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време кога Македонија кубури со пожарникари, возачот на владиниот ген сек, барал мито за да вработи граѓанин во скопската протипожарна бригада. За услугата да изврши влиајние кај градските власти побарал мито од 1500 евра. Се започнало кога човекот кој сакал да се вработи како пожарникар, на 24 јули пријавил дека вработен во Службата за општи и заеднички работи сака да го искористи влијанието кое го има, а за возврат да добие пари. Осомничениот возач пак го уверувал дека познава вработени во Град Скопје кои ќе можат да помогнат тој да биде избран по распишување на огласот за прием на пожарникари.

  • „Според пријавата, Д.Ц. побарал парична награда во вкупен износ од 1.500 евра, од кои 500 евра како прва рата. Притоа, тој посочил дека познава лица кои можат да влијаат врз постапката за вработување“ стои во кривичната пријава од МВР.

Осомничениот оди во притвор 30 дена. Обвинителот ценел дека тој може да влијае во истрагата и на сведоци или да го повтори истото дело. Судија од кривичен го прифатил предлогот.

Од Владата велат дека осомничениот како возач во Генералниот секретарјат се вработил по примерот на сите други. Ја поздравуваат брзата реакција на истражните опргани и нагласуваат дека ова е потврда на заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата.

Реклама
  • „Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда“ соопштија од Владата.

Обвинителите ги повикуваат граѓаните да се охрабрат и да пријавуваат ваквите случаи и да соработувааат со надлежните институции.  

  • „Навременото пријавување на корупцијата и подготвеноста на граѓаните да соработуваат со надлежните институции е исклучително важно. Пријавувањето на барање или понуда за поткуп и противзаконито влијание овозможува навремена реакција, обезбедување докази и ефикасно постапување на надлежните органи“ велат од ОЈО за ГОКК.

Обвинителството за организиран криминал порачува дека надлежните инситуции  остануваат посветени за одлучно постапување по сите сознанија за корупција.