Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Барал 100 евра за да избрише судска казна од 200 евра – Уапсен вработен во судот во Гостивар

Барал 100 евра за да избрише судска казна од 200 евра, вработен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Барал 100 евра за да избрише судска казна од 200 евра, вработен во Основниот суд во Гостивар е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. МВР соопшти дека вчера вечерта полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го уапсиле 40-годишниот вработен, жител на селото Присојница, Општина Маврово и Ростуше.

Тој бил приведен по пријава на жител од селото Калиште, Општина Врапчиште, кој навел дека осомничениот, како вработен во Основниот суд во Гостивар, преку заеднички пријател му понудил за паричен надомест од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и изречена забрана за управување со моторно возило во траење од шест месеци.

Приведениот тврдел дека предметната документација пристигнала кај него на извршување и дека може да „заврши работа“. Осомничениот е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.