Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Свет

Австралија во шок по терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј

Австралија е во шок по масовното пукање на плажата Бонди во Сиднеј,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Австралија е во шок по масовното пукање на плажата Бонди во Сиднеј, каде што двајца напаѓачи убија 12, а ранија најмалку уште триесетина лица. Нападот се случил на плажата каде што имало стотици луѓе собрани по повод празникот Ханука.

Снимките направени од локалното население прикажуваат двајца мажи, облечени во црно, како пукаат со пушки. Напаѓачите се неутрализирани – едниот е мртов, а вториот се наоѓа во критична состојба. Целиот чин бил снимен од страна на присутните локални жители.

Австралиските власти го прогласија нападот за терористички, а полицијата истражува дали во нападот учествувало и трето лице. Еден од напаѓачите е идентификуван како 24-годишник од Авганистан, кој живеел во југозападниот дел на Сиднеј.

Реклама

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека Евреите кои отишле да ја запалат првата свеќа за Ханука на плажата биле нападнати од, како што рече, „одвратни терористи“.

Бонди, една од најпознатите плажи во светот, обично е преполна со локални жители и туристи, особено за време на топлите викенд-вечери.