Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Оние што се против дата центрите се исти како луѓето кои пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оние што се против дата центрите се исти како луѓето кои пред еден век биле против хидроцентралите и струјата, а во поново време против интернетот и 5Г технологијата. А вистината е спротивна – колку повеќе дата центри, толку поголем економски развој на државата. За ИТ аналитичарите најголем апсурд е дека битката пторив ваквите центри и тероии на заговиор доаѓаат и се шират од социјалните мрежи, кои пак без дата центрите, не може да постојат – без центар ќе го нема ни Facebook, Instagram, You Tube, Temu, Google, ChatGPT, Amazon.

„Најмногу дата центри има во САД, 4.767, на второ место е Британија со 569, следи Германија 533, Франција 393, Кина 376 и така натаму. Во моментот Google во Германија гради дата центри во вкупна инвестиција од 5,5 Милијарди евра. Годишниот придонес во БДП на Германија ќе биде само од таа инвестиција 1.016 Милијарди евра. За Германија и нејзиниот БДП 1 милијарда не значи многу ама замислете колку е тоа на нашите 18 милијарди евра“ – вели Орце Симов – Агенција за електронски комуникации.

Според Симов, точно е дека овие центри се големи потрошувачи на енергија и создавачи на топлина, но струјата нема да им ја земат на граѓаните, туку ќе ја купуваат на берза, а токму топлината може да се искористи за греење по примерот на скандинавските држави. Според него, од поголемата потрошувачка на струја можат да ќарат оние што имаат фотоволтаици. Во однос на загриженоста околу водата, вели дека има системи на воздушно ладење и директно ладење со течност, кои не трошат вода.

Реклама

Ако се изградат дата центри, ќе има потрошувачи, на многумина може да им се одобрат барањата да произведуваат и да ја продаваат електричната енергија. На пример, ако имаме дата центри со потрошувачка од 1 GW може да се дадат одобренија за фотоволтаици за 3 GW, 1 GW za тековна потрошувачка, 2 за складирање за временскиот период кога не работат фотоволтаиците“ – вели Орце Симов – Агенција за електронски комуникации.

Прва локација на која имаше обид да се изгради дата центар во Македонија беше Пехчево. Општината ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На вчерашната седница на Советот сите девет советници гласаа против. Меѓу главните забелешки беа недостатокот на информации за инвеститорот, како и потрошувачката на вода и струја.