Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Прилози

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Пиромани намерно го подметнале пожарот во депонијата „Мелци“ во „Кавадарци“ за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пиромани намерно го подметнале пожарот во депонијата „Мелци“ во „Кавадарци“ за да предизвикаат еколошка катастрофа во градот. За градоначалникот Јанчев нема дилеми дека огнот во депонијата е подметнат и побара од полицијата и надлежните органи итно да ги најдат и казнат пироманите. На разговор бил повикан и веќе дал изјава чуварот на депонијата, кој мистериозно го напуштил работното место пред самото избивање на пожарот. Тој веќе е суспендиран од работа.

Со оглед на тоа дека вчера чуварот неодговорно го напуштил местото некаде во 13 часот, а пожарот избувнува околу 15 и 30 тоа ни дава за право да мислиме дека во тој период се има случено нешто што дошло до избувнување на пожарот. Истрагата е во тек, видео надзорот е одземен од соодветните институции како рисивер. Чуварот си има дадено изјава во полиција, во меѓувреме е суспендиран од работа и очекувам од видео надзорот и исказите на чуварот да излезат некакви информации и потенцијлни сторители на самиот пожар“, изјави Митко Јанчев – градоначалник на Кавадарци.

Според Јанчев и денот на избувнување на пожарот не бил случајно избран. Во Кавадарци вчера се одржа караванот по повод 35 години независност на Македонија, па можело лесно граѓаните да бидат изложени на опасниот чад, кој за среќа дувал во спроитвен правец од градот.

Реклама

Вчера се случи караванот 35 години од држава Македонија којн беше прекрасен настан со 20 изведувачи и мислам дека можеби сето тоа беше нарпавено за самиот настан не се одржи, но имавме среќа што ветерот ни одеше во прилог, тој дуваше наспроти депонијата не накај градот, затоа што ако тој токсичен чад влегуваше накај градот мислам дека ниту еден жител да излезе на отворено“, изјави Митко Јанчев – градоначалник на Кавадарци.

Пожарот во депонијата е ставен под контрола, а на терен се ангажирани булдожери, багери и камиони. Според проценките ќе бидат потребни околу 7.000 до 8.000 кубни метри земја за целосно прекривање на депонијата и спречување на дотокот на кислород до жариштата. Пожарот во „Мелци“ е само едно од огнените жаришта во земјава. Според Центарот за управување со кризи до 13 часот на територијата на Македонија се регистрирани 14 пожари на отворен простор. Пет се активни, три се под контрола, а шест се изгаснати.

Активни остануваат пожарите во скопскиот регион, во Студеничани и Зелениково. Гори и во регионот во Гостивар и Македонски Брод.

На терен и натаму остануваат екипите кои се борат со огнот, додека надлежните треба да утврдат дали зад пожарот во „Мелци“ навистина стои човечки фактор и кој би бил одговорен за неговото предизвикување.