Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Клековски се сретна со тимот на Светската банка за проектот за администрација на социјалното осигурување

Министерот за здравство објави дека денеска се сретнал со тимот на Светската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство објави дека денеска се сретнал со тимот на Светската банка за проектот за администрација на социјалното осигурување СИАП (SIAP).

– Разговаравме за воспоставување конкретни модалитети за интероперабилна размена на податоци меѓу институциите во насока на формирање единствен регистар на социјално осигурување, дигитализацијата и поврзувањето на системите на Министерството за здравство и Министерството за социјална политика и забрзување на реформата за оценка на попреченоста – објави Клековски на својот фејсбук-профил.

Тој посочува дека реформата на оценка за попреченост е еден од врвните приоритети на Министерството за здравство и Министерството за социјална политика за да обезбеди соодветен пристап на постојната состојба.

Реклама

– Му се заблагодарувам на тимот на Светската банка за подготвеноста и посветеноста во поддршката на реформите – напиша Клековски.