Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

АВМУ: ТВ Алфа не го емитуваше во целост демантот на ХЕРА во врска со Прирачникот за сеопфатно сексуално образование

Неполн месец по објавувањето на прилог во нашите вести во врска со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неполн месец по објавувањето на прилог во нашите вести во врска со прирачникот за сеопфатно сексуално образование на невладината организација „ХЕРА“, кој се користи за обука на наставниците во основните училишта за наставната програма од 1ви септемрви, согласно новата Концепција на министерката Мила Царовска, денеска стигна писмо од Агенцијата за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. По жалба од ХЕРА до нив, АВМУ оценува дека Алфа не го емитувала во целост демантот што ХЕРА го испрати по емитувањето на прилогот, во кој, без никаков коментар, новинарите во нашата информативна редакција само презентираа делови од Прирачникот кои се однесуваат на хомосексуалноста. Всушност, станува збор за дел од демантот кој не се однесува на емитуваниот прилог – туку на содржината на самиот Прирачник, а не беа дел од содржината на прилогот. Се работи за шест потточки, и тоа:

1.дека ХЕРА, заедно со други експерти и универзитетски професори е партнер и техничка поддршка на Бирото за развој на образованието во спроведување на пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование во четири основни училишта во земјава;

  1. дека Прирачникот кој се спомнува во текстот и кој е издаден од ХЕРА во 2013 година, бил подготвен за да служи како дополнителна алатка за наставниците за реализација на предметот „Животни вештини“ во однос на теми поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје, а не за сегашната пилот-програма за сексуално образование;
  2. дека за реализација на пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование се користат посебни прирачни материјали за наставниците кои се обучуваат. Овие материјали се во согласност со стандардите на ОН и со возраста на децата и ќе им помогнат понатаму на наставниците во реализација на програмата.
  3. дека наведениот прирачник не е дел од овие материјали;
  4. дека пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование ќе се изучува во четири основни училишта низ територијата на државата и тоа како вонучилишна активност, а не во сите основни училишта;

6.Дека родителите на децата кои учат во основните училишта каде што ќе се спроведува пилот-програмата, се запознаени со содржината на наставата. Вклученоста на учениците во следење на наставата за сексуално образование е условена со давање на родителска информирана согласност.

Реклама

Како и досега Алфа останува професионална и објективна до крај во информирањето на јавноста исклучиво за работи од јавен интерес. Прилогот кој го емитувавме на 12 јули е достапен на нашата веб страница алфа.мк.

Целиот демант може да го прочитате тука