Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Артим Ислами и Феузи Џафери предложени за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието

Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга, и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, информираше дека на конкурсот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга, и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, информираше дека на конкурсот биле пријавени 10 кандидати, од кои при проверката членовите на Комисијата за селекција утврдиле дека тројца кандидати не ги исполнуваат условите, а за седумте кандидати кои ги исполнувале условите се спроведе јавна расправа за нивно претставување.

Испразнетото место доаѓа по истекот на вториот мандат, лани во декември, на членот на Судскиот совет, Селим Адеми. Ова место е резервирано за припадниците на заедниците кои се над 20 проценти.

Реклама

Критериумите во огласот беа кандидатите да бидат од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставниот суд, на меѓународни судови и други истакнати правници.

За оваа функција не можат да се кандидираат актуелни судии или обвинители, но и лица што се разрешени од функциите.