Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Свет

„Артемис 2“ ја напушта земјината орбита и се упати кон другата страна на Месечината

За прв пат, по 1972 година, луѓе ја напуштија орбитата на Земјата.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За прв пат, по 1972 година, луѓе ја напуштија орбитата на Земјата. Астронаутите, според планот за вториот ден на мисијата „Артемис 2“, се упатија кон задната страна на Месечината. Последното палење на главниот мотор на вселенското летало „Орион“ беше успешно, велат од НАСА. На преносот во живо од „Орион“, живописните слики од Земјата полека се намалуваат, додека капсулата се движи се подалеку и подалеку во вселената.

„Со успешното палење за транслунарна инјекција на Artemis II mission, кое траеше 5 минути и 15 секунди вечерва, нашите четворица членови на екипажот сега се на својата траекторија кон Месечината. Ова беше последното големо палење во оваа мисија. Од овој момент па натаму, законите на орбиталната механика ќе го однесат екипажот до Месечината, околу нејзината темна страна и назад кон Земјата. Нашиот екипаж е во добра здравствена состојба, а вселенското летало функционира одлично.“- вели Лори Глејз од НАСА.

Со ова, вселенското летало се придвижи на патување, кое се очекува да го однесе екипажот подалеку од Земјата од било кога до сега. За своето неверојатно искуство со возбуда говорат и астронаутите.

Реклама

„Имаше прилично напнати моменти на кратко, а потоа дојде палењето и некако само се погледнавме меѓу себе како екипаж. Последен пат сме биле на Месечината во 1972 година, и помина долго време откако повторно се враќаме таму. И морам да ви кажам – нема ништо вообичаено во ова. Испраќањето четворица луѓе толку далеку е огроменчекор и дури сега навистина ја сфаќаме тежината на оваа мисија.“ – вели астронаутот Рид Вајсман.

„Откако штотуку доживеавме неверојатни глетки на планетата Земја и ја видовме целата планета низ прозорецот во еден кадар, сознанието дека наскоро ќе имаме слични погледи и кон Месечината на ист начин дефинитивно ме прави уште повозбуден за целиот подвиг.“ – вели астронаутката Кристина Кох.

„Артемис 2“ претставува десетдневна мисија која има за цел да ги однесе астронаутите блиску до лунарната површина, но не и да стапнат на неа. Планот тоа да се случи е за дури две години.

Мисиите „Артемис„ не предвидуваат само стапнување повторно на човекот на Месечината, туку и евентулано воспоставување на база на нејзината површина. Оттаму, главната цел е истражување на Марс, а се предвидуваат и други тест-мисии.