Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Армијата доби нови униформи – ама на која држава?

Новите униформи на македонските војници сè уште без идентитет, име и држава.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите униформи на македонските војници сè уште без идентитет, име и држава. На истите го има само македонското знаме и чинот на припадниците на Армијата. Иако никаде не пишува чија земја ќе бранат војниците, министерката Шеќеринска им порача дека така ја личело Армијата, посакувајќи им, со здравје да си ја носат новата униформа.

“Ви посакам да ја носите оваа униформа со чест и достоинство и како силно и секојдневно потсетување дека посветената работа секогаш носи резултат” – изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

За разлика од припадниците на Армијата, полициската униформа е со новото име на државата. Согласно доворот од Преспа власта го смени името во уставот, на личните документи, патоказните табли, граничните премини, аеродромите, државните институции.  Македонија стана Северна, државјанството македонско/граѓани на Република Северна Македонија, јазикот македонски, но со фуснота дека припаѓа на словенската група јазици. И во свидетелствата на учениците веќе се применува новото име.

Реклама

Табли за дообјаснување на споменици дека и припаѓаат на античката хеленска историја, нови регистарски таблички, во превод – новата придавка ја имаме секаде, па дури и онаму каде се уште не сме обврзани. Сепак сегашната влада побрза и овие обврски да ги исполни. Дури и сонцето од Кутлеш се отстранува од сите јавни простори. И на продуктите произведени кај нас веќе стои новото име.

Инаку, на денешната промоцијата на новите униформи Шеќеринска го дискредитираше Синдикатот за одбрана и безбедност, со тврдење дека нема членови и е во фаза на распаѓање. Ова следи откако Синдикатот неодамна изрази револт поради двојните аршини во Министерството. Велат, немале ниту денар за додатоци и надоместоци на плата, но затоа во тимот на министерката редовно си земале пари за надоместоци и прекувремена работа.

 

Ања Василева