Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Анкети на ИПИС и ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со стабилна предност, паѓа поддршката на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност пред СДСМ според анкетата на Институтот за политички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност пред СДСМ според анкетата на Институтот за политички истражувања ИПИС.

Имено анкетираните граѓани на прашањето за која партија би гласале дури 24,1 процент одговориле дека тоа би го направиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 21,5 проценти тоа би го сториле за СДСМ.

Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС, стои во нивниот пост на Фејбсук.

Реклама

За разлика од ИПИС, инсититутот ИРИ измери речиси изедначена популарноста на двете парртии. Според нивната анкетата СДСМ има 17% доверба кај испитаниците, а ВМРО ДПМНЕ 16%. Но она што остава впечаток е што овие резултати покажуваат дека за две години СДСМ загубила дури 20% од поддршката. Во истата анкета, мнозинството исптаници, или  54 проценти сметаат  дека Зоран Заев не заслужува нов мандат, додека пак 31 отсто сметаат дека тој добро си ја вршел работата и заслужува уште четири години да ја води владата.

Истражувањето на ИРИ покажува дека сериозно се зголемил процентот на испитаниците кои сметаат дека државата оди во погрешна насока, ако пред две години така мислеле 30% од анкетираните, денес дури 43% сметаат дека тоа е така.

Високи 58 проценти од испитаниците рекле дека економската ситуација во нивното семејство е непроменета во споредба со претходната година, додека 22 проценти кои рекле дека е многу или нешто подобрена. 44 проценти сметаат дека економијата во следните две години ќе остане иста, додека 24 веруваат дека ќе се подобри, наспроти 22 кои се песимисти и веруваат дека ќе се влоши.

Најважен проблем со кој се соочува Македонија е невработеноста, односно така е за 19%, економската ситуација е на второ место со 14 % испитаници. Нискиот животен стандард е проблем за 10 % од граѓаните а интеграцијата во ЕУ е е најважен проблем само за  3% од граѓаните.

Викторија Миткова