Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Анкета: Граѓаните се за смена на обвинителот Kоцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите

Пари се бараат – резултати се чекаат. Така, накратко, може да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пари се бараат – резултати се чекаат. Така, накратко, може да се прочита пораката што граѓаните ја испраќаат до судството. Анкетата спроведена за порталот МКД.мк , од Маркет вижн , покажува дека довербата во правосудниот систем останува ниска, а очекувањата на јавноста – непроменети.

Бројките од истражувањето упатуваат на јасен став кај граѓаните. Мнозинството не гледа причина судиите и јавните обвинители да добијат повисоки плати, ниту пак верува дека токму тоа би донело подобро функционирање на правосудниот систем. За јавноста, според анкетата, прашањето не е финансиско, туку суштинско.

На прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат зголемување на платите, 73,6 проценти од анкетираните одговориле негативно. Само 14,8 отсто сметаат дека ваквото зголемување е оправдано, додека 11,6 проценти велат дека немаат јасен став. Овие податоци покажуваат дека отпорот кон зголемување на платите е доминантен.

Реклама

Слична е сликата и кога станува збор за очекуваните ефекти. Дури 73,3 проценти од испитаниците не очекуваат подобрување во судството, дури и ако судиите и јавните обвинители добијат повисоки примања. Само 14,6 отсто веруваат дека тоа би донело позитивни промени, додека останатите немаат став.

Овие ставови се надоврзуваат и на перцепцијата за работата на обвинителството. Кога граѓаните ја оценуваат работата на главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, 42,3 проценти даваат негативна оценка – „лошо“ или „многу лошо“. Наспроти тоа, 22,2 проценти ја оценуваат неговата работа како „добра“ или „многу добра“, а 35,5 проценти велат дека немаат став.

Оценките за работата се поврзуваат и со ставовите за неговата позиција. 39,1 процент од анкетираните сметаат дека главниот јавен обвинител треба да биде сменет. 20,8 проценти се против таква одлука, додека 40,1 процент немаат јасен став по ова прашање.

Анкетата е спроведена во периодот од 25 ноември до 6 декември 2025 година, со користење на CATI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на држава според регион, пол, возраст и етничка припадност, согласно податоците од пописот 2021 година.