Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Ангелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето делумно намалено

Продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата Дрисла од кој излегува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадење, кое според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов е намалено, но се уште присутно. 

– Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадењето а кој е со величина приближно колку фудбалско игралиште. Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но се уште присутно. Од она што можам да го забележам на лице место во депонијата Дрисла, двата земјени пристапни патишта кои во текот на вчерашниот ден беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место, информира во пишана изјава Ангелов.

Според него, ангажирани се оптимален број на камиони, багери и булдожери и како што ќе се создаваат услови нивниот број ќе се зголемува.

Реклама

На дивата депонија Вардариште, како што соопштува, нема горење ниту чадење но и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот.