Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места

„Ова е еден од најтешките денови оваа сезона на пожари на отворен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ова е еден од најтешките денови оваа сезона на пожари на отворен простор. Имаме повеќе од 15 активни пожари во овој момент, околу 17 часот попладне. Два од нив загрозуваат и населени места, изјави попладнево директорот на ДЗС Стојанче Ангелов кој апелираше на поголема внимателност на гражаните, бидејќи, како што рече, доволна е искра за вистинска катастрофа.

-Пожарот којшто изби во непосредна близина на село Баница и Водоча, односно веднаш до Струмица, ги загрози дури и првите куќи од Струмица, е сопрен како што може да се забележи на неколку метри од самите куќи благодарение на брзата интервенција на храбрите струмички пожарникари, со поддршка на пожарникарите од Валандово и Радовиш коишто веднаш ги пратив овде да помогнат. Градоначалникот беше тука цело време, употребивме механизација максимално за правење на пресеки и помогна и еден ер трактор на Дирекцијата, вели ангелов.

Додаде дека за жал пожарот е сè уште активен од спротива во полето, и изрази надеж дека нема да се прошири кон другите села.

Реклама

-​Вториот тежок пожар е на територијата на општина Прилеп, некаде спроти гробиштата, над гробиштата, којшто ги загрози  викендиците, односно викенд населбата непосредно во близина на гробиштата. Сега тој е ставен под целосна контрола, таму работеа пожарникарите од Прилеп, на коишто им честитам на ваквата жестока битка со огнот, со поддршка на тимот од Битола и тимот од Кавадарци коишто дојдоа нешто подоцна, како и два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, рече Ангелов.

Додаде дека тешки пожари има и на територијата на општина Желино, односно пожарот којшто е некаде спроти областа Карпалак, којшто гори високо во планината, но, како што истакна, може да загрози неколку викендици и земјоделски површини. Таму, нагласи, се наоѓаат тетовските пожарникари. ​

-Тежок пожар имаме и на територијата на општина Маврово и Ростуше, којшто е активен во текот на вчерашниот ден, доцна во попладневните часови, но и сега. ​Исто така, имаме тешки пожари непосредно коишто изби во непосредна близина на Драчево, над бензинската пумпа, таму е скопската бригада, очекувам бргу да го изгаснат. ​Повторно имаме реактивиран пожар над Китка, којшто исто така се заканува да тргне кон некои од блиските села, планински, полунапуштени села, вели Ангелов.

Потенцира дека пожари има и на други места во државата.

-За жал, нашите апели не уродуваат со плод, а високите температури коишто се блиску 40-тиот степен, ветерот кој што е засилен, но и го менува правецот, дополнително го отежнуваат гаснењето на овие пожари. Затоа апелирам до сите граѓани да бидат исклучително внимателни, затоа што доволна е искра за вистинска катастрофа, рече директорот на ДЗС Ангелов.