Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Андоновски: За три до шест месеци Центар за дигитални услуги во Прилеп

За три до шест месеци ќе стигнат првите дигитални услуги до граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За три до шест месеци ќе стигнат првите дигитални услуги до граѓаните преку отворање на Центарот за услуги,  а за две години до граѓаните ќе бидат достапни и сите најбарани услуги од администрацијата, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски од Прилеп каде, во центарот на градот преку караванот на Министерството се промовира националниот портал uslugi.gov.mk

-Очекувам дека за три до шест месеци ќего отвориме Центарот за услуги кој ќе биде една собирна тичка каде граѓаните кои немаат дома електронски уреди, не знаат да користат, или немаат време, може да го посетат и нашите вработени ќе ги извадат услугите за нив, од најкористената услуга – изводот од матичната книга на родени, до уверението за државјанство, преку потврдите за неосудуваност, сите на исто место. Потоа, очекувам дека зоните за бесплатен интернет ќе бидат во фунција во наредните шест месеци и очекувам дека десетте најкористени електронски услуги во период од две години ќе успееме да ги реализираме во општина Прилеп, изјави Андоновски.

Пратеникот Дејан Проданоски рече дека програмата на Министерството за дигитална трансформација е остварлива и брза. Прилепскиот општински совет и досега ги има напрсвено првите чекори со пренесувањето на седниците во живо.

Реклама

-Министерството размислува за дигитализација на сите совети и, ние, како општина Прилеп имавме еден чекор направено во однос на дигитализација и транспарентност.Преку донација на опрема почнавме да ги презентираме седниците на советот во живо. Верувам дека е реална замислата  на Министерот да го доразвие министерството, да ги собере сите програмери во државава за интензивно да работаст и да ја олеснат работата на сите локални самоуправи, изјави Проданоски.

Бесплатната „ви-фи“ зона ќе биде поставена во центарот на Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Тоа е европски проект кој се реализира во општините и, според Андоновски, Прилеп е во приоритетните градови.